ЛШ: Црвена звезда ја освои Тирана, елиминиран Бешикташ! (ВИДЕО)

фото: твитер

Црвена звезда вечерва во рамките од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите во Албанија триумфираше со 0:1 против Тирана.

Белградските „црвено-бели“ успеаја да се пласираат во третата рунда благодарение на погодокот на португалскиот интернационалец Томане во 61 минута од средбата.

Кај домаќините целиот натпревар го одиграа двајцата македонски дефанзивци, Филип Најдовски и Кристијан Тошевски.

Денеска се одигра уште една балканска пресметка во елитното натпреварување, ПАОК со 3:1 го елиминираше Бешикташ.

На теренот во Солун сите погодоци беа реализирани во првото полувреме, за грчкиот претставник Цолис двапати се запиша во листата на стрелците, еднаш Пелкас, а на спротивната страна за турскиот состав стрелаше Ларин. Победата на домаќините можеше да биде уште поубедлива доколку Акпом реализираше пенал во 41 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот