ЛШ: Челси во „невозможна мисија“ на Бернабеу, голем предизвик за Баерн

Карим Бензема со три гола е најзаслужен за победата на Реал Мадрид во првиот меч над европскиот шампион/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Фудбалерите на Реал Мадрид од 21.00 часот се домаќини на Челси, а во исто време Баерн во Минхен ќе го игра реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Виљареал.

Баварскиот гигант ќе се обиде да ја анулира минималната негатива од првиот меч во Шпанија (1:0), додека „кралевите“ најмногу благодарение на Карим Бензема возвратниот дуел со лондонските „сини“ ќе го стартуваат со позитива од 3:1.

– Мали се шансите да го свртиме резултатот од првиот натпревар, но дефинитивно ќе се бориме до крај. Ќе се обидеме да покажеме подобри перформанси отколку на првиот меч – рече менаџерот на Челси, Томас Тухел.

Неговиот колега од спротивната страна, Карло Анчелоти, вели дека Челси не доаѓа во Мадрид со „бело знаме“.

– Челси доаѓа да се бори за пласман во полуфиналето. Знаат дека ќе биде тешко, но ќе се обидат бидејќи тоа е типично за големите тимови. Тие никогаш не се откажуваат. Го почитуваме Челси поради неговиот квалитет. Ќе се подготвиме очекувајќи подобар Челси од оној против кој игравме минатата недела. Ќе мора да работиме напорно за да бидеме во следната фаза – се зборовите на Анчелоти.

Баерн е пред голем предизвик откако на првиот меч на „Ла Керамика“ беше поразен од Виљареал со 1:0.

– Не можеме да им дадеме време да покажат квалитетот на теренот. Мора да правиме промени и да играме „валкан“ фудбал кога е потребно. Мораме да ги казниме што не ги искористија шансите на првиот натпревар – вели тренерот на германскиот шампион, Јулијан Нагелсман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот