ЛШ: Челси на мегдан со Атлетико, Лацио домаќин на „ранетиот“ Баерн

epa08927152 David Alaba (L) of Bayern Munich heads under pressure from Lars Stindl of Borussia Monchengladbach during the German Bundesliga soccer match between Borussia Moenchengladbach and FC Bayern Munich at Borussia-Park in Moenchengladbach, Germany, 08 January 2021. EPA-EFE/LARS BARON / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Денеска и утре се играат преостанатите четири први натпревари од осминафиналните дуели во Лигата на шампионите, поради коронавирусот Атлетико Мадрид во Букурешт ќе го пречека Челси, додека Лацио на „Олимпико“ е домаќин на актуелниот европски првак Баерн Минхен. И двата меча стартуваат од 21.00 часот.

„Јорганџиите“ иако и натаму се првопласирани во шпанското првенство, перформансите во последните неколку мечеви не им се највисоко ниво. На патот кон шампионската титула во „Ла Лига“ во пропуштија важни бодови и тоа во последните две кола против Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Останува да се види колку тоа ќе влијае во играта на Диего Симеоне кој на спротивната страна има доста расположен состав предводен од Томас Тухел. Лондонските „сини“ играат многу подобро со новиот стратег со кој немаат досега пораз, четири победи во Премиер лигата, двапати ремизираа, а имаат и еден триумф во ФА купот за пласман во четвртфиналето.

Проблем за Атлетико може да биде податокот кој вели дека Луис Суарез не успеал да постигне гол во претходните неколку европски мечеви (поточно, од 2015 година не реализирал погодок на гостувањата, а во претходните четири сезони со Барселона постигна 10), но Симеоне верува во неговите квалитети.

Во шпанската екипа повредени се Караско, Хименез, Херера, Трипиер и Врсаљко, а за премиерлигашот поради повреда недостасува Силва.

Баерн нема победа од Светското првенство за клубови (11 февруари), потоа следуваа изненадувачкото реми дома со Арминија (3:3) и поразот на гости кај Ајнтрахт (2:1) во Бундеслигата.

Римските „небесно-сини“ се засега „далеку“ од трката за Скудетото во Италија, но имаат сериозни амбиции и следната сезона да бидат дел од елитното европско натпреварување. Италијанците нема да може да сметаат на Луиз Фелипе, Раду и Стракоша за првите 90 минути со баварскиот гигант кој пак има доста поголеми проблеми. Во бундеслигашот позитивни на ковид-19 се Милер и Павар, а на повреди се жалат Коста, Гнабри, Куаси, Нубел, Тилман и Толисо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот