ЛШ: Борко и двајца екс играчи на Вардар 1961 во тимот на колото!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Борко Ристовски имаше одлична партија од 17 одбрани (четири голови) за Вардар 1961 во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Порто (25:25).

Тоа беше доволно репрезентативниот голман на Македонија да се најде во тимот на колото во изборот на Европската ракометна федерација.

ВИДЕО: Македонецот пред Ландин, Митревски повторно со најдобрата одбрана во ЛШ!

Покрај нашиот чувар на мрежата во идеалниот тим се најдоа уште двајца поранешни членови на „црвено-црните“, кои моментно ги бранат боите на Кјелце, средниот бек или плејмејкерот Игор Карачиќ и десниот бек Алекс Дујшебаев.

На листата на ЕХФ се и левото крило на Целје Пивоварна Лашко, Тилен Кодрин, левиот бек Сандер Сагосен (Кил), десното крило Никлас Екберг (Кил) и Виктор Итуриза (Порто).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот