ЛШ: Барса обезбеди финале, Лазаров против ПСЖ за „бронзата“

epa09265442 Barcelona's head coach Xavier Pascual (C) reacts during the 2021 EHF FINAL4 Handball Champions League semi final match between Barca Lassa and HBC Nantes in Cologne, Germany, 12 June 2021. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Се одигра и второто полуфинале на Фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите, во Келн екипата на Барселона со резултат 31:26 го совлада Нант.

Најефикасен во шпанскиот состав беа Гомез и Мем со по пет голови, а за францускиот претставник шест погодоци реализираше Ривера.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров во поразениот тим двапати се запиша во листата на стрелците.

В недела од 15.15 часот за третото место на турнирот ќе играат Нант во француската пресметка ќе се соочи со ПСЖ кој претходно изненадувачки беше елиминиран од Алборг.

Барса која ќе атакува на својата 10 титула во ЛШ во финалето (18.00 часот) ќе ја има фаворитската улога против данскиот Алборг.

Последен пат Каталонците го освоија ова натпреварување во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот