ЛШ: Алушовски побара безобразност, ќе ја има ли во Шведска?

фејсбук/Еурофарм Работник

После стартниот пораз на домашен терен во Битола од португалската екипа на Спортинг, ракометарите на Стевче Алушовски ќе се обидат од 19.00 часот да извлечат поволен резултат во Шведска и евентуално ги освојат првите бодови на дебито во елитата.

Еурофарм Работник во својата сала „Боро Чурлевски“ во текот на првото полувреме имаше позитива против Спортинг, но истата ја пропушти и остана со „празни раце“.

Алушовски имаше што да им каже на играчите после тој меч, кога се игра на ова ниво во ЛШ, мора да се има повеќе идеја во нападот и поголема безобразност.

Ракометарите веќе го заборавија овој дуел и се насочени кон шведскиот предизвик, иако се свесни дека техничките грешки треба да бидат сведени на минимум и да се искористат можностите со играч повеќе на теренот.

Лига на шампиони
Група Ц, 2. коло

Денеска (19.00) Савехоф-Еурофарм Работник
21 септември Бидасоа Ирун-Кокс
21 септември Спортинг-Татран Прешов

Табела:

1.Савехоф 2 бодови
2.Бидасоа Ирун 2
3.Спортинг 2
4.Еурофарм Работник 0
5.Татран Прешов 0
6.Кокс 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот