ЛШ: Адеми во Манчестер, битка меѓу Кејн и Левандовски

принткрин/Youtube

Минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите Тотенхем ќе го пречека Баерн (21.00 часот) како дерби во второто коло од денешната програма во најквалитетното фудбалско клупско натпреварување.

Тотенхем и Баерн двапати се сретнале во европските купови, но ниту еднаш во претходните 35 години. Најпрвин во второто коло од Купот на победниците на куповите во 1982/1983, германскиот претставник се пласираше понатаму (4:1, 1:1), а наредната сезона Англичаните им се реваншираа во третата рунда од Купот на УЕФА (2:0, 0:1).

– Кејн и Левандовски се веројатно двајцата најдобри напаѓачи на светот во овој момент. Двајцата постигнуваат неверојатен број на голови. Се надевам дека Роберт ќе биде поуспешен во овој натпревар, иако тешко ќе биде да се запре Хари, кој исто така е „екстра“ класа – реле директорот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Luka Stanzl/PIXSELL

Секако за нашата јавност е важен и настапот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во дресот на Динамо Загреб кој гостува на „Етихад“ против Манчестер сити. „Модрите“ одлично ја започна сезоната со висок триумф над Аталанта (4:0).

Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на ЛШ со 126 погодоци, ќе се обиде да дојде до првиот гол во групата „Д“, а Јувентус до првата победа, во Торино доаѓа бундеслигашот Баер Леверкузен.

Лига на шампиони
2. коло (двојки)

Група А
18.55 часот Реал Мадрид-Клуб Бриж
21.00 часот Галатасарај-ПСЖ

Група Б
21.00 часот Црвена Звезда-Олимпијакос
21.00 часот Тотенхем-Баерн Минхен

Група Ц
18.55 часот Аталанта-Шахтјор Доњецк
21.00 часот Манчестер сити-Динамо Загреб

Група Д
21.00 часот Јувентус-Баер Леверкузен
21.00 часот Локомотив Москва-Атлетико Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот