ЛШ: Адеми и Динамо до важен бод против Шахтјор Доњецк! (ВИДЕО)
Се одиграа првите два натпревари денеска од третото коло од фудбалската Лига на шампионите, Шахтјор ремизираше дома со Динамо, а Атлетико минимално славеше против Леверкузен.
Во Харкив (Украина) екипата на Шахтјор Доњецк иако двапати беше во негатива против Динамо Загреб, на крајот успеа пред своите навивачи да извлече бод.
Конопљанка во 16 минута ги доведе во водство домаќините, па израмни Олмо во 25 минута после асистенцијата на Орсиќ.
Орсиќ во 60 минута донесе пресврт на мечот за позитива на Хрватите, а конечниот епилог го постави Додо во 75 минута по додавањето на Алан Патрик.
Пред натпреварот Манчестер сити-Аталанта, водат „граѓаните“ со шест бода во групата „Ц“, по четири имаат Динамо Загреб и Шахтјор Доњецк, последен е калчолигашот без бодови.
Атлетико Мадрид ја забележа и втората победа (по ред) дома против Баер Леверкузен со погодокот на Мората во 78 минута.
Во групата „Д“ води Атлетико Мадрид со седум бодови, четири има Јувентус, три Локомотив Москва, без бодови Баер Леверкузен. Вечерва од 21.00 часот „Старата дама“ ќе ги одмери силите против рускиот претставник.