Лозинки што лесно се пробиваат: Згодно за помнење, згодно и за хакери

Фото: ЕПА

Компанијата за организирање и чување лозинки „Норд пас“ за годинава ги објави 200-те најчесто употребувани лозинки на корисниците од 50 земји низ светот.

И по многубројни протекувања на приватни видеа и фотографии, онлајн измами со кредитни картички, користење на лични профили на социјални мрежи за разни незаконски или негативни кампањи во туѓо име, лозинката „123456“ и во 2021 година е најчесто користена лозинка во светот, со фрапантни над 100 милиони користења во овие земји.

На листата на 10-те најчесто користени лозинки се и „123456789“, „12345“, „qwerty“, „password“, „12345678“, „111111“, „123123“, „1234567890“ и „1234567“. Ваквите лозинки што се користат за профили по социјалните мрежи, мејлови, системи за онлајн плаќања, блогови и слично, може да значат единствено дека во многу брзо време ќе бидете предмет на сајбер напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот