Лозарите поделени: Дел се задоволни од понудените откупни цени, дел сметаат дека се ниски

Лозарство РСМ/ Фото Архива на Слободен печат

Дел од лозарите се задоволни од исходот на денешниот состанок со владините претставници, а дел сметаат дека се ниски цените што ги нудат откупувачите. Од здружението „Напредни лозари” се задоволни од понудените решенија и сметаат дека не е време на штрајкови.

– Четири денари од државата и 11 по килограм „Вранец” од откупувачите, значи дека сме постигнале цена од 15 денари или за „Смедеревка” со четирите денари плус 9, се добива ланската цена од 13 денари за килограм. Се понуди и можност за стимулации за сите откупувачи за извоз од два, од три и од четири денари по килограм. Така ќе се направи конкуренција за самите винарии да размислат што прават со откупните цени. Тоа е добра идеја што треба да се практикува и во иднина, изјави Трајче Кулев, претседател на здружението „Напредни лозари”.

Поинаков став имаат од здружението „Лозароовоштари”.

– Државата се согласува да даде по четири денари за килограм грозје, но ниски се цените кои ги нудат откупувачите. Кажавме 11 со 13 денари за ,„Смедеревка” и „Вранец” и од тоа не отстапуваме. Или ќе постигнеме договор или ќе блокираме винарска визба, изјави претседателот на здружението Златко Стојчев.

За градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, лозарите и винарите треба да најдат заеднички јазик и заедно со предлозите од Владата, да се откупи грозјето од годинашната реколта.

– Евентуални блокади би биле на штета на лозарите и државата. Не се штрајкува кога е време за берба, грозјето не може да стои и да чека. Ако сака да се направи штета, тоа е меч со две острици. Треба да се прилагодиме кон реалните услови на пазарот во услови на пандемија кога сите се засегнати. Грозјето е стратешки производ и затоа годинава државата излегува со екстра поддршка за лозарите, изјави Јанчев по состанокот во Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот