Лозари од Тиквешко најавуваат протест, незадоволни се од откупните цени

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI .

Лозари од Тиквешко најавуваат дека претстојниов викенд ќе одржат предупредувачки протест затоа што не се задоволни од откупните цени.

Протестот, велат, ќе се одржи на влезот во Неготино од страната на автопатот Скопје – Гевгелија.

„Протестот ќе трае од 10 до 15 часот во сабота и недела. Со тоа ќе го изразиме својот револт од незадоволителните цени кои пред претстојниот гроздобер ги нудат најголемиот дел од винарските визби. Очекуваме нашиот глас да го слушнат откупувачите и надлежните во државата кои се посредници помеѓу лозарите и винариите. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дека првично објавените цени ќе се корегираат“, рекоа организаторите на протестот.

Според нив, најголем дел од винариите повторно манипулирале со тоа што нуделе помалку пари за килограм грозје, доколку исплатата ја извршат веднаш по откупот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот