Ловец на богатство пронашол камера, а на нејзе СТРАШНИ кадри – Открил МИСТЕРИЈА стара две години (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Ловецот на богатство, Рич Алоха за време на една своја авантура пронашол камера во Тенеси, на подрачјето околу Форест Фолс.

Иако, можеби се надевал дека во камерата сеуште ќе бидат зачувани некои снимки, не можел ни да претпостави дека ќе ги види последните моменти на Ричард Рагланд кој пред две години се удавил во својата 22 година додека бил на излет на водопадите со своите пријатели.

Фото: Принтскрин

Камерата и после толку време била функционална, а ја пронашол во кал. Родителите на Ричард веќе две години ја барале снимката за да ја затворат приказната за неговата смрт.

Тие се изненадиле кога им се јавил Алоха.

Фото: Принтскрин

– Навистина верувам дека Бог ме испрати таму да ја пронајдам камерата. Мило ми е што ја најдов – рекол младичот.

Мемориската картичка на камерата била недопрена,

– Ја прегледав снимката и помислив „О боже, ова е тој дечко“ – рекол тој.

Родителите на Ричард ги пронашол преку Гугл, а потоа се јавил на неколку луѓе за кои претпоставил дека се нивни роднини.

Робин и Гери, родителите на загинатиот Ричард, рекле дека ќе пробаат да ја изгледаат снимката за да дознаат што довело до неговата смрт.

– Беше добар пливач, сакавме да дознаеме што точно се случило тој ден. Она што го видовме досега е нашиот Рич – кој сакаше да ужива во животот. Благодарни сме на Алоха што ни ја врати камерата – рекол таткото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот