Ловџија од Липково повреден при лов

Четириесет и петгодишен ловџија од Липково бил повреден при лов, соопшти денеска СВР Куманово. Тој вчера ловел со друг ловџија од Матејче кој го повредил со пушка.

– Вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Голем камен”, во атар на село Матејче, Општина Липково, додека биле на лов, А.В. (37) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С. (45) од Липково, информираше полицијата.

Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во општата болница во Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот