Лото афера: Извлечени броевите 5, 6, 7, 8, и 9, добитната комбинација ја погодиле дури 20 играчи

Победничката комбинација од последното коло на играта на среќа во Јужна Африка, каде беа извлечени броевите 5, 6, 7, 8 и 9, предизвика обвинувања дека станува збор за измама.

На националната лотарија PowerbBall извлечен беше и џокер број и тој гласеше 10, пренесува BBC.

Според организаторите, победничката комбинација ја погодиле 20 лица, од кои секој освоил 370.000 американски долари. Други 79 добитници освоиле вкупно 6.283 долари откако ги погодиле броевите од 5 до 9, но не и џокер бројот.

Иако организаторите наведуваат дека ваквите бројки често се бираат, покрената е истрага за извлекувањето поради сомневања за неправилности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот