Лотито среќен, повторно сонува шампионска титула!

фото: твитер

Првиот човек на Лацио е среќен поради одлуката за продолжување на сезоната во Серија А…

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, официјално го објави продолжувањето на првенството и Купот на земјата. Натпреварите во Серија А ќе продолжат на 20 јуни, Купот на Италија на 13 јуни.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, дефинитивно е среќен од оваа одлука, која воедно значи победа за италијанскиот фудбал.

Ова е победа за Лотито, туку за целиот италијански фудбал. Сигурен сум дека со овој „рестарт“, нашиот фудбал ќе биде во можност да го одржи покачениот стандарден квалитет кој е препознаен низ целиот свет. Серија А е една од најважнител иги во спортот – рече Лотито за новинската агенција „Аднкронос“.

Токму првиот човек на римските „небесно-сини“ е еден од најголемите иницијатори за продолжување на сезоната.

Неговиот клуб до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус заостануваше само еден бод зад водечкиот Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот