Лотито: Сите сакаат да се прекине монополот на Јувентус

twitter/The Laziali

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е уверен дека неговиот тим има поддршка од сите неутрални навивачи во борбата за титулата во Серија А.

Лацијалите по подолго време се сериозен кандидат за титулата во Серија А бидејќи на 14. кола до крајот на сезоната имаат само еден бод негатива во однос на лидерот на табелата, Јувентус.

„Старата дама“ која осум години по ред е шампион во Серија А, сезонава има сериозни конкуренти во Лацио, но и во Интер кој заостанува само два бода во однос на лидерот.

– Вистина е дека сите сакаат да се прекине монополот на Јувентус, но и да се победи Интер. Сите кои не ги поддржуваат Јувентус и Интер, навиваат за нас. Многу навивачи на Лацио се јавија, но и многу кои не навиваат за нас – вели Лотито.

Лацијалите во последното коло во дербито го совладаа Интер со 2:1.
– Најголемото задоволство во неделата не беа пораките, туку кога влегов во соблекувалната по натпреварот. Пет или шест фудбалери ми пријдоа со голема доза на адреналин и викаа „дали видовте претседателе. Направивме како што ни кажавте“ – додава Лотито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот