„Лотарија“ ќе ја покрива загубата со добивката од минатата година
„Лотарија на Македонија“, акционерското друштво за приредување игри на среќа и забавни игри, донесе предлог одлука за распределба на добивката по годишна сметка за ланската година.
Според друштвото, добивката по оданочување за 2018 година, во износ од 7.297.593 денари, ќе биде распределена за покривање на акумулираната загуба од претходните години.
Вака гласи одлуката на акционерското друштво за одобрување на Годишната сметка за деловната 2018 година:
1. Се одобрува годишната сметка на ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА АД Скопје за деловната 2018 година со следните остварени резултати од Билансот на успех за 2018 година:
– П р и х о д и……………………………………………………………………………………………………………………..30.124.240,00
– Р а с х о д и……………………………………………………………………………………………………………………..22.068.512,00
– Добивка пред оданочување………………………………………………………………………………………………..8.055.728,00
– Данок…………………………………………………………………………………………………………………………………..758.135,00
– Добивка за финансиска година…………………………………………………………………………………….7.297.593,00
2. Остварени резултати од Извештајот за сеопфатна добивка за 2018 година:
– Добивка за финансиска година……………………………………………………………………………………7.297.593,00
– Реализирана добивка од вложувања расположливи за продажба…………………………………………..798.458,00
– Вкупна сеопфатна добивка ……………………………………………………………………………………………8.096.051,00
3. Податоците од годишната сметка од точка 1 на оваа Одлука се јавни и достапни за сите лица на начин и во постапка согласно Закон.
4. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето.