Лошото време повторно го одложи лансирањето на првиот словенечки сателит во вселената

Фото: Миа.мк

Лошото време во Француска Гвајана повторно го одложи лансирањето на првиот словенечки сателит во вселената, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во последен момент беше откажано лансирањето на ракетата носач, која практично во орбитата требаше да ги однесе сателитите наречени Трисат и Немо ХД.

Засега не се знае кога ќе биде следниот обид за лансирање на ракетата Вега од космодромот во Француска Гвајана.

Извршниот директор на Аријанаспејс Стефан Израел, изјави дека во последен момент се одлучил да не ризикува и да го откаже лансирањето, а причина се детектираните силни висински ветрови.

Инаку, словенечкиот сателит Трисат се развиваше неколку години, а во неговата изработка учествуваа студенти од Универзитетот во Марибор и стручњаци од приватната словенечка компанија „Скајлабс” Сателитот тежи пет килограми и ќе орбитира околу земјата на височина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели кои се развиени во Словенија ќе се продаваат во целиот свет.

Првично ракетата со сателитите требаше да биде лансирана во март, но поради епидемијата на коронавирусот беше одложено за јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот