Лошите момци во спортот: Убиецот Писториус од херој до затворски решетки

инстаграм

Текстот за „лошите момци“ во спортот е направен на основ на спортистите и спортските работници кои јавноста „обожува да ги мрази“ во последните десет години.

Првото место и најлошо момче во спортот е јужноафриканскиот атлетичар, Оскар Писториус, кој испиша историја на Олимписките игри во Лондон 2012 година кога стана првиот човек кој се натпреваруваше на една трка со ампутирани нозе.

View this post on Instagram

Olympics 2012

A post shared by Oscar Pistorius (@oscarpistorius) on

„Наредната година на Денот на вљубените, тркалото тргна да оди во надолна линија за Писториус. Тој беше уапсен откако ја застрела својата девојка Рива Стенкамп“, стои во текстот на „Хералд Сан“.
Писториус на крајот беше осуден за убиство и заработи затворска казна од шест години.

Веднаш за Писториус се наоѓа, „лошото момче“ на тенисот, Ник Кирјос.
Весникот пишува дека Кирјос обожува да биде во улога на негативец кој поради својата мрзеливост и честите испади на терените и надвор од нив, не успева да го покаже големиот талент.

„Многумина за него мислеа дека ќе биде грен слем шампион, но сопственото однесување му ја уназади кариерата“.

EPA-EFE/DAVID CROSLING

На третото место се наоѓа поранешната НФЛ ѕвезда и играч на Њу Ингланд патриотс, Арон Хернандез.
Тој во 2012 година со Њу Ингланд триумфира на Супербоул, но наредната година започна пеколот за него.

„Кариерата на Хернандез е завршена во 2013 година кога беше обвинет за убиство. Две години подоцна е осуден, а потоа е обвинет за ново двојно убиство. Иако е ослободен од второто обвинение, тој во затвор во 2017 година се самоуби“.

фото: википедија

Интересен коментар за ранг листата на австралискиот весник, даде новинарот на „Лекип“, Квентин Мојне, за кого е чудно што еден тенисер е „повисоко“ рангиран од убиец.

Веднаш зад првата тројка на „најлошите момци“ во спортот во последната деценија се најдоа уште и Конор Мекгрегор (УФЦ), Дејвид Ворнер (Крикет), Сеп Блатер (Претседател на ФИФА), Сун Јанг (Пливање), Флојд Мејведер (Бокс), Алекс Родригез (Бејзбол), Луис Суарез (Фудбал).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот