Лошиот воздух почна да им прави проблеми на организаторите на Австралија Опен, тенисерите почнаа да колабираат (ВИДЕО)

Веќе двајца тенисери колабираа на терените во Мелбурн Парк и мораа да побараат лекарска помош.

Организаторите на Австралија Опен на неполна недела пред стартот на грен слем турнирот, почнаа да се соочуваат со проблеми поради пожарите кои беснеат на најмалиот континент. Лошиот квалитет на воздухот ги натера организаторите да ги откажат тренинзите на терените во Мелбурн парк, но засега не се одлучуваат да ги откажат или одложат квалификациските дуели.

Поради оваа одлука на организаторите, самите тенисери или тенисерки почнаа да се откажуваат поради здравствени проблеми.

Учесничката во квалификациите, Далила Јакуповиќ беше изнесена од теренот со силна кашлица во својот прв квалификациски натпревар.

Големи проблеми имаше и домашниот тенисер Бернард Томиќ кој имаше големи проблеми со дишењето за време на мечот против Денис Кудла во првото коло од квалификациите. Томиќ поради лошиот воздух имаше големи проблеми со дишењето и колабира по што лекарите мораа да му дадат кислород. По неколкуминутна пауза, Томиќ го продолжи наптреварот но на крајот загуби со 2:0 во сетови.


„Дополнителните одлуки ќе бидат донесени во склад со информациите кои ќе ги одбиеме од теренот во консултации со медицинскиот тим и со Бирото за метеорологија“, објави организаторот на Австралија Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот