Лоши вести за дијабетичарите – новото истражување ги става во голем ризик од коронавирусот

Научниците сметаат дека при амбулантно лекување во услови на пандемија, докторите ја губат контролата над состојбата на пациентите.

Во американскиот Центар за контрола на заболувањата и профилактика забележале дека пациентите дијабетичари со коронавирус имаат шест пати повеќе потреба од хоспитализација, додека ризикот за смрт кај нив е зголемен за 12 пати.

Според истражување на Калифорниски универзитет од Сан Франциско објавено викендов во медицинскиот портал Медикал експрес, научниците анализирале статистика за смртноста за време на неколку месеци пандемија. Според нив, дијабетесот е на втор место по тежина на компликации после срцевите заболувања.

Авторот на истражувањето, Пракаш Дидвања, доктор по медицина во Калифорниски универзитет, смета дека заболувањата даваат до знаење дека треба да се воведат „итни и сериозни мерки за контрола на заразени од коронавирус”.

Научниците сметаат дека при амбулантно лекување во услови на пандемија, докторите ја губат контролата над состојбата на пациентите.

Посетата на дијабетичари на амбулантен преглед се намалила за 10 проценти. Исто така, овие болни се помалку го следат нивото на шеќерот во крвта. Научниците сметаат дека во вакви случаи, од голема помош може да биде телемедицината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот