Лоша вест за Далиќ: Хрватска ослабена го продолжува Европското првенство

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Репрезентацијата на Хрватска во второто коло од Европското првенство ќе игра против Албанија, а пред овој натпревар селекцијата предводена од Златко Далиќ доби лоша вест.

Имено, на последниот тренинг на Хрватска се повредил напаѓачот Никола Влашиќ. Повредата е сериозна и за Власиќ ова Европско првенство е завршено.

„Влашиќ доживеа нова повреда и можам само да му се заблагодарам за тоа што го даде на теренот. Му посакувам се најбрзо во рехабилитацијата“, изјави Далиќ.

По повредата Влашиќ и го напуштил кампот на репрезентацијата. Ќе потсетиме, Хрватска во првото коло беше поразена од Шпанија и сега ја очекуваат уште два натпревари од групата против Албанија и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот