Лош момент за повреда, Ѓоковиќ мора на нова операција!?

twitter.com/usnewzcom

Да потсетиме, српскиот ас го предаде мечот од осминафиналето на четвртиот грен слем турнир во сезоната против Станислас Вавринка во третиот сет.

После мечот, Ѓоковиќ истакна дека малку подолго ќе одмора, а според американските медиуми одмор би можел да потрае, дури и се спомнува и нова операција.

Србинот до крајот на сезоната е пријавен за турнирите во Токио, Шангај, Париз, како и за завршниот турнир во Лондон.

Исто така, најави и дека ќе настапува за српската репрезентација во Дејвис купот во Мадрид.

– Новак би можел да отсуствува подолго време доколку оди на операција или доколку неговата повреда бара одмор – напиша новинарот на „Њујорк тајмс“, Кристофер Клери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот