Лос Анџелес тајмс: САД не исплатиле 35 милиони долари од воената помош за Украина

Руска војска/ Фото: МИА

САД не исплатиле 35 милиони долари од вкупната сума во висина од околу 400 милиони долари воена помош за Украина, објави синоќа Лос Анџелес тајмс, повикувајќи се на документи за расходите на Пентагон.

Како што е извесно, демократите го обвинуваат американскиот претседател Доналд Трамп дека ја условил Украина да спроведе истрага против Хантер Бајден, син на Џо Бајден, поранешен потпретседател и политички ривал на Трамп, во замена за исплата на воена помош.

На тековните сослушувања во рамки на процедурата за импичмент, демократите го окарактеризираа ова како корупција и злоупотреба на претседателската власт.

Се уште е неизвесно кои се причините зошто не е исплатен дел од редовната годишна воена помош за Украина, иако фискално годината заврши на 30 септември. Според документацијата, Пентагон исплатил 250 милиони долари, а Стејт департментот 141 милион долари, пари што Украина ги добива за поддршка на своите воено-морски сили и подобрување на системите за врска. Додека, 35.2 милиони останале да „висат” во федералниот буџет. Весникот коментира дека ова може да биде цврст аргумент во полза на демократите кои се за импичмент на Трамп.

Како што е познато, демократските конгресмени побараа импичмент после телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД и неговиот украински колега Владимир Зеленски кој се случи годинава на 26 јули. Тие обвинуваат дека Трамп вршел притисок врз Украина да започне истрага против украинските бизниси на Бајденови, а тоа се оценува како обид за мешање на претседателските избори на САД во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот