Лорентино Кортизо е новиот претседател на Панама

фото: EPA-EFE/Bienvenido Velasco

Според 92 проценти од преброените гласови од вчерашните општи избори, новиот претседател на Панама е поранешниот министер за земјоделство  Лорентино „Нито” Кортизо.

Според првичните неофицијални резултати 66-годишниот Кортизо добил 33 проценти од гласовите, додека поранешниот министер за надворешни работи Ромуло Рукс од опозициската партија Демократска промена (ЦД) освои 31 отсто.

Кортизо беше кандидат на опозициската  Демократската револуционерна партија (ПРД). Тој на политичката сцена во Панама е од 1994 година и извршувал повеќе функции, меѓу кои заменик претседател на Националното Собрание и министер за развој на земјоделството.

Тој во 2008 година и во 2012 година не успеа да добие доволно гласови да се кандидира на претседателските избори.

Главна порака во предизборната трка му беше борбата против сиромаштијата, како  и борбата против корупцијата и модернизација на панамското земјоделство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот