Љоренте е новиот напаѓач на Наполи (ФОТО)

twitter.com/SSCNapoliNews_

34-годишниот напаѓач до крајот на минатата сезона беше дел од Тотенхем (осум голови, пет асистенции), а сега летово ќе игра во Наполи заедно со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

На „Сан Паоло“ доаѓа како слободен агент со договор на две години и заработка од 2.5 милиони евра.

Во текот на својата кариера имаше славни моменти, со Јувентус трипати ја освои Серија А, двапати Суперкупот на Италија, еднаш италијанскиот Куп, а беше двапати финалист во ЛШ во сезоните 2014/15 и 2018/19.

Со најдобрата шпанска репрезентација беше светски шампион во 2010, а две години подоцна се закити и со европската титула.

Наполи во изминатиот период ги доби ривалите во групната фаза на ЛШ, во групата Е ќе ги одмери силите со бранителот на титулата, Ливерпул, потоа Ред Бул Салцбург и Генк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот