Лондонската полиција ги растури демонстрациите против вонредните мерки заради коронавирусот (ВИДЕО)

Фото: Andy Barton / Zuma Press / Profimedia

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против ограничувањата воведени заради коронавирусот, бидејќи демонстрантите ги игнорираа предупредувањата да ги почитуваат правилата на социјално дистанцирање, а пренесува Бета.рс.

Илјадниците луѓе, од кои повеќето без маски, се собрале на плоштадот Трафалгар каде ја критикувале претераната реакција на Владата со мерките за спречување на епидемијата.

Лондонската полиција претходно соопштила дека прво ги предупредиле демонстрантите да ги почитуваат правилата на социјално дистанцирање и дека ќе преземат акција ако не ги почитуваат препораките.

Првите три часа полицајците не преземале ништо, но потоа почнале да го растураат протестот.

Британскиот парламент се подготвува да ги разгледа законите поврзани со епидемијата, а владата воведува нови ограничувања за таа да се спречи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот