Лондон започна со потрагата на наследник на Марк Карни во „ВоЕ“

фото: Flickr.com

Велика Британија формално почна да бара наследник на Марк Карни, кој ќе ја заземе функцијата гувернер на централната банка на Англија, пишува „Bloomberg“. Карни, кој е роден во Канада, е првиот странец кој раководел со британската Централна банка.

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд коментира дека Карни планира да ја продолжи кариерата надвор од Канада.

Голем број имиња се поврзани со наследниците на гувернерот. Меѓу нив е професорот на Универзитетот во Чикаго Рагхурам Раџа, кој бил гувернер на Индиската централна банка.

Списокот со потенцијалните наследници се дополнува од сегашните заменици-гувернери на „Bank of England“, Бен Броадбент и Дејв Рамсден, претседателот на британскиот финансиски регулатор „FCA“, Ендрју Бејли, претседателот на регулаторот за комуникации во Велика Британија, Шерон Вајт и главниот економист во Англиската централна банка, Енди Халдан.

Несомнено човекот кој ќе застане на чело на финансиската институција со над 300-годишна историја, ќе има сериозни одговорности. Годишната плата за оваа позиција е 480.000 фунти. Карни беше ангажиран од претходникот на Хамонд – Џорџ Осборн, кој тогаш го опиша како „најдобар во светот“.

Хамонд објаснува дека бара кандидат со „вистинските вештини и искуство“ за функцијата на Карни, кој требаше да се соочи со бројни предизвици за време на својот мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот