Лондон прогласен за најдобар град во светот (ФОТО)

Откако минатата година се најде на второто место после Париз, престолнината на Англија се искачи на тронот на овогодинешното рангирање…

Оваа листа е базирана на податоци собрани во текот на изминатата година, а сите посетители на Лондон сложно гласале и го довеле на водечката позиција. Според истражувањето, кралската свадба на Меган Маркл и принцот Хари имала силен ефект врз целиот свет. Луѓето сакаат да одат по улиците по кои се оделе и членовите од кралското семејство, истражувајќи што се може да им понуди Лондон.

По кралската свадба, посетата на Бекингемската палата и промената на стражата пораснала за дури 213% за време на претходните 12 месеци. Сепак, и да не сте преголем фан на кралското семејство, овој град во себе крие нешто и за вас.

Лондон има возбудлива историја, како центар на креативноста и слободното размислување, од Шекспир до раѓањето на панк движењето и модните писти на денешницата. Неговата креативна енергија и културна разновидност, можат да се почувствуваат во секој негов аспект: храна, мода, уметност, изложби, бутици, продавници и ноќен живот.

Овој град има музеи, барови, улични изведувачи и се што може да посакате. Изобилство на луксузни хотели, ресторани, галерии, бутици со висока мода и се останато, го претвораат Лондон во земја од бајките, за сите оние кои се љубители на традиционални патувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот