Лондон ќе им дозволи на странските студенти да останат две години по дипломирање
Велика Британија ќе им дозволи на странските студенти да останат две години не нејзината територија по стекнување на диплома за да ги задржи „најдобрите таленти“ по Брегзит, соопштила британската влада.
„Се работи за регрутирање и задржување на најдобрите меѓународни таленти, но исто така за постигнување на идно напредување во науката, технологијата и истражувањето“, рекла министерката за компании и индустрија, Андреа Лидсам за радиото ББЦ.
Лидсам рекла дека предвидуваат да го зголемат бројот на странски студенти за 30 отсто за да стигнат до 600.000 до 2030 година.
Според нејзините зборови, еден од начините за да се постигне тоа, е да им се дозволи да работат две години по добивање на диплома, бидејќи е во интерес на Велика Британија да ги „привлечат најдобрите и најбрилијантните“ луѓе од целиот свет.
Министерката рекла дека амбицијата на нејзината земја по Брегзит е Владата да може да ја дефинира својата политика за миграции. Наместо да биде отворена само за слобода за движење во ЕУ, Велика Британија ќе може да профитира од таленти од целиот свет, што за неа е огромна предност, рекла министерката.
Според сегашните прописи, странските студенти можат да останат во земјата до четири месеци по завршување на студиите.
Новите правите треба да стапат на сила за студентите кои ќе почнат да студираат од следната година.