Лондон и Брисел имаат часови за компромисно решение: Последни напори за трговски договор меѓу ЕУ и В. Британија

Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Официјални Брисел и Лондон ги прават последните напори за постигнување на трговски договор пред 31 декември, кога е утврден рокот пред излезот на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ), изјави европскиот преговарач Мишел Барние.

– Навистина сме во одлучувачки момент. Ги правиме последните напори во преговорите. За десет дена, Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар и јас ќе продолжам да работам целосно транспарентно, со европските дваесет и седум и европарламентарците, нагласи Барние во Брисел пред средбата со претставниците на државите членки на ЕУ.

Деветмесечните преговори се сведени на само уште неколку дена за изнаоѓање на компромис за продолжување на трговијата со што помалку пречки и тарифи кога В. Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 декември кога истекува преодниот рок на крајот на оваа година.

Во последните неколку дена, британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен сè повеќе се вклучија и неколкупати разговараа на телефон во обид да ги деблокираат преговорите за последната преостаната разлика – прашањето за европскиот закон за риболов во британските води.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот