Лондон, Америка и протести: Балон во форма на Доналд Трамп како музејски експонат

Фото: youtube/printscreen

Огромен балон во форма на Доналд Трамп како бебе, кој прелета над Лондон за време на протестот за време на посетата на претседателот во заминување на Америка во Велика Британија, најде нов дом. Лондонскиот музеј го купи за да го изложи во колекција посветена на протестите.

Балонот, висок шест метри, прелета над Плоштадот на парламентот за време на работната посета на претседателот на САД во Велика Британија во јули 2018 година.

Од лондонскиот музеј соопштија дека станува збор за „извонредна и имагинативна идеја“ и „одговор на Лондончани“ на посетата на Трамп.

Огромен балон го прикажува американскиот претседател како носи пелена и држи мобилен телефон.

Креаторите на балонот рекоа дека се надеваат дека тоа ќе биде „потсетник на отпорот за време на претседателскиот мандат на Трамп“.

Директорката на лондонскиот музеј, Шерон Амент, рече дека музејот „не е политички и нема поглед на политичката состојба во земјите“, но балонот се сфаќа како типичен британски хумор со допир на сатира.

– Честопати користиме ваков вид хумор. И се потсмеваме на политичарите. Ова е голем – буквално – пример за тоа, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот