Лондон ѝ воведе нови санкции на Русија поради референдумите на украинска територија

Луганск-референдум
Фото: EPA-EFE/STRINGER

Велика Британија соопшти дека воведува нови санкции против Русија како одговор на „незаконските” референдуми за припојување, организирани во четири украински области под целосна или делумна контрола на Москва.

„Санкциите што денеска ги воведуваме ги таргетираат сите кои стојат зад вакви изборни фарси и поединци кои и понатаму ја поддржуваат војната започната од руската власт”, се наведува во соопштението на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Меѓу 92 правни субјекти мета на санкциите се „руски високи претставници кои ги организираа незаконските референдуми во четири украински области и најомилената агенција за односи со јавноста на Путин”, пишува во соопштението.

Станува збор за 33 лица испратени во областите каде се одржуваат референдуми од агенцијата ИМА Консалтинг, која „организирала јавни кампањи за овие референдумски фарси”, особено за „да го одбранат нивниот лажен легитимитет во Русија”, додаваат од Министерството.

Четворица олигарси се додадени на листата со лица под британски санкции.

Велика Британија досега воведе санкции за над 1.200 луѓе и 120 компании и организации, како одговор на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот