Лончар: Животот на Вучиќ го спасија лекарите од ВМА

фото: Принтскрин

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за Танјуг нагласи дека претседателот на државата Александар Вучиќ имал хронични, помали проблеми со срцето, но дека неговата здравствена состојба се влошила во петокот, кога решил да се обрати на лекари од ВМА.

„Веднаш по приемот, беше проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен”, изјави министерот Лончар.

Според министерот, претседателот Вучиќ добро реагирал на терапијата што му била пропишана и му било препорачано да ги намали своите редовни активности во наредниот период со цел целосно да се опорави од влошената здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот