Лончар: Вакцинацијата за здравствените работници во Србија нема да биде задолжителна

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар / Фото: Архива

Нема потреба од задолжителна вакцинација за здравствените работници, бидејќи имаме вакцини и заинтересирани за вакцинација, а и доволни вакцинирани здравствени работници, изјави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.

Тој гостувајќи на РТС рече дека и претходно имало доволно вакцинирани лекари, но проблемот бил недоволниот број на вакцинирани млади медицински сестри, кои се плашеле дека нема да можат да имаат потомство.

Лончар нагласил дека тој проблем е решен после разговорите кои се извршени со медицински сестри во кои било објаснето дека нема никаков доказ дека вакцината предизвикува стерилност.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот