Лончар: Како на луѓето да им е драго во Србија да има што повеќе починати од коронавирусот

Во Србија не стивнуваат реакциите по синоќешната изјава на членот на владиниот кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, дека во Белград до крајот на јуни имало три пати повеќе починати од ковид 19 откоку што официјално било соопштено, јави дописникот на МИА од Белград.

Реагирајќи на изјавата на д-р Предраг Кон, министерот за здравство, Златибор Лончар, обраќајќи им се на новинарите изјави дека му е јасно дека им пречи еден од најдобрите резултати што ги има Србија.

Кон убаво објасни дека тука има нешто што не е влезено во системот, нешто што не беше пријавено или што било, но конечно разјаснивме дека не постои ниту една работа која е пријавена, за која знаевме, а која не беше објавено. Но, сега постои додатна анализа и она што ви кажав – дали некој ќе може некогаш одговорно да ви тврди зошто некој умрел? Не, нема, сега да ви кажам! Од која причина? Затоа што единствено кој може да ви ги каже причините за смртта, тоа е кога ќе се изврши обдукција, а никому од тие пациенти не им е направена обдукција, кажа Лончар, одговарајќи на прашања на денешната прес-конференција.

Истражувачките медиуми во Србија постојано посочуваа дека бројките за бројот на заразени и мртви од ковид се далеку повисоки од официјалните, а за тоа гласно зборуваше и епидемиологот Зоран Радовановиќ, кој оцени дека властите цело време имале соодветни информации и дека е „трагично ако не е така, се со цел да се прикаже ситуацијата подобро отколку што е”.

Тој и денес реагираше, посочувајќи дека според пресметката презентирана од Предраг Кон, „само во Белград од корона починале онолку луѓе, колку што официјално починале во цела Србија и дека бројките се намалени”.

Реагираше и опозициската Партија за слобода и правда (ССП) која соопшти дека епидемиологот Предраг Кон, признавајќи дека објавените податоци за бројот на заразени и мртви лица од КОВИД-19 не се точни, потврдил дека „лажните избори биле поважни за режимот на Вучиќ од животот на луѓето”.

Од ССП наведоа дека на тоа „укажуваа новинарите кои беа уапсени, здравствените работници кои од режимот се сменети и оставени без работа, за тоа предупредуваше и опозицијата која таблоидите и власта ги прогласија за сојузници на вирусот”.

ССП со цел да се заштити здравјето на луѓето, бара „итна смена на Кризниот штаб и назначување нов кој ќе биде составен од некомпротирани експерти” со задача „искрено да ги информира” граѓаните за обемот на епидемијата и стратегијата за борба против неа.

Откако членот на Кризниот штаб и епидемиологот Предраг Кон при гостувањето на телевизијата Нова С призна дека до јуни имало три пати повеќе смртни случаи од Kовид-19 отколку што е во писмена форма пријавено, адвокатите во разговор за порталот Нова.рс истакнаа дека лекарите за презентирање лажни информации би можеле кривично да одговараат за дело за кое е предвидена затворска казна.

Одговарајќи на реакциите епидемиологот Предраг Кон за ТВ Н1 истакна дека Кризниот штаб ги соопштувал сите информации што ги има, дека ништо не е скриено и дека за разлика од бројот на смртни случаи од оние кои беа официјално објавени, одговорни се информатичарите за давање неточни информации.
-Зборувам за тоа од средината на септември. Ова не е од вчера. Зборував за тоа на четири телевизии, соопштувава вишок на смртност и сe она што го кажав вчера, веќе го кажував, кажа Кон и повтори дека ова не е никаква нова вест. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот