Лончар: Ги презедовме сите мерки за да го спречиме коронавирусот, но не е можно Србија во 21 век да се изолира од сè

Тој ги повика граѓаните да не слушаат разни гласини, туку да ги следат официјалните информации.

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска изјави дека Србија ги презела сите мерки за да го спречи пристигнувањето на новиот коронавирус, но дека нема да биде алармантна ситуација доколку се појави таков пациент.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Лончар ја истакна важноста да се одговори како што треба, додавајќи дека состојбата се следи на дневна основа, се разменуваат информации со СЗО, со колегите во регионот, како и ширум светот, и дека лицата кои доаѓаат од Кина се под надзор и им се дадени препораки за тоа како да се однесуваат.

– Ги презедовме сите мерки за да го спречиме ова, но не е можно да се изолира Србија во 21 век од сè. Не е алармантно ако некој пациент се појави и во Србија, важно е тој да постапи како што треба, кажа Лончар за ТВ Прва.

Тој ги повика граѓаните да не слушаат разни гласини, туку да ги следат официјалните информации.

Како што посочи, проценките на Кина и на СЗО се дека ситуацијата со новиот коронавирус е „под одредена контрола”.

– Ова не значи, дека вирусот ќе запре денес, дека тој веќе нема да се шири, туку дека нема да се шири масовно, што може да доведе до многу поголеми последици, нагласи Лончар.

Тој оцени дека поради тоа што станува збор за нов вирус, сите клинички и епидемиолошки карактеристики на болеста се уште се нејасни и да уште се работи на утврдувањето на некои параметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот