Локомотива удри во „голф“ кај Сарај, еден повреден

Архива

Железничкиот сообраќај бил во прекин до 14.55 часот, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Скопјанец со телесни повреди е пренесен во болницата „8 Септември“, откако во неговото возило удрила локомотива на железничкиот премин кај Сарај. Според полицијата вчера во 12.35 часот било пријавено дека на патниот премин Сарај – Кондово, на железничката пруга Скопје – Тетово, се случила железничка незгода во која учествувале локомотива ТМД-Рабел управувана од Ќ.Ќ.(56) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на возилото, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Железничкиот сообраќај бил во прекин до 14.55 часот, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот