„Локомотива“ организира летна школа за развој на кураторските методи

Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста „Локомотива“ го реализира второто издание на Летната школа „Курирање во контекст“, која нуди критичка рефлексија за различните социо-политички и економски контексти, како и можност за развој на кураторски методи за преиспитување на практиките на современите (изведувачки) уметности во однос на активизмот, самоорганизацијата и критичкото размислување.

Тематски, школата „Курирање во контекст“ е поврзана со прашањето за кураторското и неговото пошироко значење кое ги надминува црно-белите кутии на политиките на репрезентација и презентација. Школата ја анализира средината во која се создава и шири уметноста и се фокусира на креирање знаења и можности за практичари кои сакаат да ја продолжат својата кариера како куратори во полето на изведувачките уметности и интердисциплинарноста.

Школата критички се осврнува на перспективите на производство, застапување, иницирање различни модели на презентирање и артикулирање на уметноста во одреден контекст.

Во 2021 година, „Курирање во контекст“ се одвива во три модули: Летна школа од 29 август до 4 септември; Процес на менторство и развој на проекти, текстови или идеи за кураторски проект во периодот октомври – декември; Уредување и објавување на сработените проекти, текстови или идеи за кураторски проект на веб-страницата како е-публикација, која ќе биде организирана од групата (2022 година). Школата „Курирање во контекст“ е ко-курирана од Билјана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 95, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 4-5 септември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот