Локалниот тим на „Аваја” во Дебар распредели хуманитарна помош

Граѓанската иницијатива „Аваја” достави хуманитарна помош,која локаланиот тим во Дебар ги распредели по семејствата кои се во потешка социо – екомномска состојба, информираше локалниот лидер Алмира Кагури.

Помошта се состои во прехрамбени артикли, како и заштитни средства, наменета е за ромски семејства, но,како што додава дел од помошта е дадена и на семејства од друга националност.

-Со оваа првична помош доделени се 30 пакети со прехрамбени артитли и 150 пакувања со заштитни средства, маски, ракавици и средства за дезинфекција. Главно беа опфатени ромски семејства кои се во потешка економска сосотојба,но и повеќе семејства од друга националност.Како  секогаш и во  оваа актуелна ситуација, нема разлика кој е и што е, по што Дебар е препознатлив.Сите сме сплотени во надминување и на оваа ситуација,вели младата тим лидерка.

Во име на „Аваја”искажува голема благодарност до  Црвениот крст што помогнал во транспортирањето на помошта.

-Иако сите се запознати со апелите на надлежните и на Оператвниот штаб на Дебар сакам од име на нашата асоцација да упатам апел до сите мои сограѓани и пошироко строго да ги почитуваат препораките зашто на тој начин ќе прдонесеме за здравјетето на сите. Ги охрабрувам деке ќе издржиме заедно и со солидарност и посветеност ќе ја пребродиме и оваа сосотојба, верува Алмира Кагури тим лидерката на „Аваја” во Дебар.

Вчера попладне во Дебар пристигна хуманитарна помош што е донација од Црвенот крст на Република Северна Македонија.

Помошта се состои во прехрамбени артикли, средства за одржување на хигиена, ќебиња,  душеци, детска, машка и  женска облека а е наменета  за стари и изнемоштени и инвалидизирани лица,како и семејства кои се во тешка социо – економска состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот