Локални раководители од Крушево проневериле седум тони дизел

Крушево/ Фото: МИА

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево, до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Н.И.(39) од Крушево, в.д. директор на Јавното претпријатие „Комуна” во Крушево и П.Н.(55) од Крушево, раководител на oддел во истото претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење во службата”.

„Пријавените, во периодот од втората половина на 2018 година до 2020 година свесно пропуштиле преземање службени дејствија, односно не изготвиле соодветни документи за прием на 10 тони – еуродизел гориво во магацинот на јавното претпријатие. Исто така, не биле извршени требувања за издаден материјал од магацинот со кои се евидентира потрошувачката на гориво и со тоа предизвикале штета од 7.080 литри еуродизел. Н.И. постапил спротивно на законот и со отуѓување на работна машина – трактор ИМТ 539 без донесена Одлука за размена, отуѓување или расходување на основно средство за работа и со тоа го оштетил претпријатието за 400 евра“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот