Локални поројни врнежи, ветер, грмежи и град викендов

Фото: Принтскрин

Локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град се очекуваат викендов, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ваквите процеси, како што се посочува, можат да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал.

Исто така поради очекуваниот интензивен дожд локално на некои места, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање, покрај кои посочуваме за внимателно движење. За поголемите реки, засега не постои опасност од нивно излевање, иако е можно зголемување на нивниот водостој.

Утринските температури утре ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 31 степен. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 30 степени.

Од понеделник до четврток во претпладневните часови ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, истакнуваат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот