ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО УНГАРИЈА: Орбан со Фидес ја загуби Будимпешта, посрамениот градоначалник повторно победи во Ѓер

Фото: Твитер/Balazs Csekö

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го доживеа можеби најголемиот политички пораз во последната декада, откако опозицискиот кандидат освои доволно гласови на локалните избори, а со тоа да ја добие изборната трка за градоначалник на Будимпешта.

Гергељ Карачоњ, 44-годишниот либерал го победи Истван Тарлос, со 50 отсто од освоените гласови, во споредба со 44-те кои ги освои тој со поддршката на Орбан. Тарлос му се јавил на Карачоњ за да му ја честита победата.

Ова е голем успех за опозицијата во земјата, откако голем број на партии, од либерали до зелени, социјалисти и конзервативци ги надминаа разликите и се здружија за да му се спротистават на Орбан и неговата владеачка Фидес.

Покрај Будимпешта, опозицијата победи и во повеќе други големи градови како што се Мисколц, Сегедин и Егер, а опозицијата победи во Дебрецин, Ѓер и Кешкемет.

Интересно е да се напомене дека жителите на Ѓер повторно му изгласаа доверба на Золт Боркаи, човекот од кого се појавија експлицитни видеа и фотогорафии на јахта во Дубровник, на кои може да се забележи како тој ужива во присуството на повеќе проститутки и учествува во оргии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот