Локални избори во Унгарија, може ли Орбан прв пат по десет години да биде поразен?

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Унгарците денес гласаат на локалните избори, што се смета за ретка можност опозицијата да ја порази владејачката десничарска партија „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан, особено во Будимпешта, откако силите ги здружи широкиот политички спектар.

Таа опозициска стратегија би можела да го остави Фидес без победа за прв пат по скоро десет години.

Орбан ги смени изборните правила од доаѓањето на власт во 2010 година, што ги отежнува опозициските партии да се натпреваруваат индивидуално против Фидес.

Најголем страв Орбан има за престолнината Будимпешта, каде Гергели Караксони (44) му „дише“ во врат на досегашниот градоначалник, кој ужива поддршка од Фидес, Иштван Тарлос. Тарлос е на таа позиција уште од 2010 година, како и Орбан.

Караксони ја спореди изборната трка во Будимпешта со изборите за градоначалник во март во Истанбул, во кои опозицијата го порази кандидатот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Што велат анкетите?

„Овие избори не можат да ја ослабат позицијата на владата, но можат да ја ослабнат вербата во нејзината непобедливост“, рече аналитичарот Золтан Новак.

Локалните избори ќе бидат клучен тест за стратегијата на опозицијата за поддршка на еден кандидат против Фидес. Другите големи градови, исто така, прибегнаа кон оваа стратегија, што би можело да биде начин да се победи Орбан на следните парламентарни избори во 2022 година.

„Будимпешта има симболично значење, но подеднакво е важно да се победи во помалите средини и да се изгради инфраструктура таму, затоа што во 2022 година ќе се одлучува за победа или пораз, изјави аналитичарот Андрас Биро-Наги за АФП.

Повеќето анкети го сакаат Тарлос, иако неодамнешната анкета на јавното мислење спроведена од тинк-центар Медијан покажува дека трката би можела да биде многу тесна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот