Локални избори во Турција – Победа или опомена за владејачката партија

EPA-EFE/SEDAT SUNA

По вчерашните избори одржани во Турција, големо изненадување беше поразот на владејачката АКП во главниот град Анкара и во Анталија додека во Истанбул кандидатот на ЏХП, Екрем Имамоглу води во тесната трка против кандидатот на АКП, Бинали Јилдирим.

Врховната Изборна комисија на Република Турција, според досегашните избројани гласови, изјави дека партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган доби 15 од големите градови што е за 3 помалку од минатите избори. Додека втората поголема партијата ЏХП, со победа во 11 поголеми градови, сега има 3 повеќе во споредба со претходните избори одржани во 2014 година.

Според овие резултати, владејачката партија победи на локалните избори во рамките на државата, но поразот во Истанбул, Анкара и Анталија, изгледа како голема опомена за партијата на претседателот Ердоган.

Инаку, на локалните избори гласаа повеќе од 57 милиони избирачи на 200.000 избирачки места ширум земјата. За безбедност беа ангажирани повеќе од 533.000 полицајци и други припадници на безбедносни сили. Инциденти имаше на источниот и југоисточниот дел на земјата каде што животот го загубија 4 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот