19.8 C
Скопје

Локални избори во две германски покраини: ЦДУ и Меркел на тест во Баден Виртемберг и Рајна Палатинат

Тест за канцеларката Ангела Меркел и владеачката партија во Германија – конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ). Вака ги опишуваат денешните локални избори во двете германски покраини Баден Виртемберг и Рајна Палатинат во пресрет изборите на сојузно ниво во септември.

Меркел, која е на чело на Германија од 2005 година, нема намера да се кандидира за нов мандат. Таквата нејзина определба може да има негативен одраз врз резултатите на ЦДУ во септември.

Владеачката ЦДУ ризикува во Баден Виртемберг да биде сменет нејзиниот малцински коалиционен партнер од „Зелените“ од кандидатот на Социјалдемократите (СДП) и либералите од „Слободна демократија“.

Партијата на Меркел уживаше мнозинска поддршка и во Рајна Палатинат, анкетите укажуваат на предност на социјалдемократите, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Токму затоа и стравот кај лидерите на ЦДУ дека евентуален неуспех на локалните избори, би се рефлектирал и на сојузните наесен и потиснување на демо-христијаните во опозиција. На падот на рејтингот кумува неодамнешниот скандал кој открива дека влијателни членови на ЦДУ ја искористиле пандемијата на ковид-19 за правење профит.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар