Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожар во Македонија, хеликоптер
Фото: МИА

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили, со дејство и од земја и од воздух. Огнот е опкружен и догорува само во контролирани површини, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Со локализирање на пожарот се прегрупираат силите за негово догасување. Дел од луѓето на терен ќе дежураат до рано наутро кога е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија да ја проценат ситацијата на локализираниот пожар, по што ќе се одлучи како ќе се дејствува за негово догасување, велат од ЦУК.

За гасење на пожарот во текот на денот беа ангажирани еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и авионот „ер трактор” од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пожарникари и вработени во шумските стопанства и комунални претпријатија од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, а помогна и дел од локалното население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот