Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Фото: EPA-EFE/Christian Monterrosa

Градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ, за Танјуг изјави дека вечерва избувнал мал пожар во шумата во близина на фабриката „Слобода“ во Чачак, кој во меѓувреме е локализиран.

Тодоровиќ истакна дека во пожарот нема повредени.

– Пожарникарите се на терен – изјави Тодоровиќ и додаде дека екипите на противпожарната служба на Министерството за внатрешни работи на Србија и противпожарната единица на фабриката „Слобода“ ќе останат на должност цела ноќ.

Засега е непознато што го предизвикало пожарот.

Повторно пожар во Чачак: Гори шумата кај фабриката „Слобода“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот