ЛОИ Париз 2024: Ќе чини 1,4 милијарда евра во Сена да се пливаат маратонот и триатлонот

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Реката Сена е забранета за капење уште од 1923 година, поради големата загаденост и присуството на опасни бактерии. Организаторот на ЛОИ Париз 2024 има план што чини 1,4 милијарда евра, за да ја исчисти Сена и во оваа река да се одржат олимпискиот маратон и триатлон. Јавното капење ќе започне од 2025 година

Чистење на реката Сена што ќе чини 1,4 милијарда евра се подготвува за водата да биде чиста за некои натпревари во пливање на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година.

Покрај тоа што ќе игра централна улога во церемонијата на отворање на Олимпијадата на 26 јули 2024 година, реката треба да биде погодна за натпревраувачки настани, вклучувајќи маратонско пливање и триатлон.

По Игрите, Градското собрание на Париз вети дека повторно ќе ја отвори реката за јавно капење во летото 2025 година, при што се разгледуваат околу 20 потенцијални места за капење, пет во самиот град, а останатите малку подалеку од Париз.

Пливањето во Сена е забрането уште од 1923 година, поради високото ниво на бактерии и големото загадување. Откако Париз ја доби организацијата на Олимписките игри 2024, тоа го забрза чистењето и беше поттик за големи инвестиции во подобрување на квалитетот на водата и намалување на загадувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот