Лога се заканил со оставка, во кабинетот на Ковачевски нема таков документ

Кренар Лога, министер за правда/Фото: Слободен печат

Министерот за правда Кренар Лога во неформалниот дел од владината седница се заканил дека ќе поднесе оставка ако не помине законот за амнестија за лесни кривични дела. Како што веќе објавивме, законот не поминал  на владина седница ни денеска, со образложение дека треба да се хармонизира со другите институции и ако тоа не се случи амнестија ќе нема.

Од Владата за „Слободен печат“ велат дека оставка од Лога во кабинетот на Димитар Ковачевски не е доставена.

Неофицијално од Министерството за правда сметаат дека законот е поминат само требало технички да се доуреди.

Веќе објавивме дека за законот за амнестија нема политичка согласност помеѓу владините партнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот